ИКТ индустријата бележи голем пораст

Bez autora
Jun 17 2010

ИКТ индустријата во периодот од 2003 до 2008 година бележи голем пораст особено во делот на ИТ секторот, изјави денеска во Скопје Катица Нацева, извршен директор на МАСИТ, која ја презентираше домашната ИКТ индустрија во рамките на Регионалната програма за компании од ИКТ секторот во организација меѓународната група CEED, чиј денешен домаќин беше ИТ компанијата Seavus. Оваа индустрија бележи голем пораст особено во делот на ИТ секторот и може да се каже дека не само што расте бројот на компаниите, воедно расте и бројот на вработените во ИКТ индустријата, особено во ИТ делот и расте и нормално и приходот кој е крајна цел на секоја компанија. Во однос на странските инвестиции практично 87 проценти од странските инвестиции всушност одат во оваа индустријата. Регионалната програма е престижна програма која се спроведува во пет модули и во пет земји Словенија Бугарија, Македонија, Србија, како и во силиконската долина во САД.

ИКТ индустријата бележи голем порастИКТ индустријата во периодот од 2003 до 2008 година бележи голем пораст особено во делот на ИТ секторот, изјави денеска во Скопје Катица Нацева, извршен директор на МАСИТ, која ја презентираше домашната ИКТ индустрија во рамките на Регионалната програма за компании од ИКТ секторот во организација меѓународната група CEED, чиј денешен домаќин беше ИТ компанијата Seavus.

„Оваа индустрија бележи голем пораст особено во делот на ИТ секторот и може да се каже дека не само што расте бројот на компаниите, воедно расте и бројот на вработените во ИКТ индустријата, особено во ИТ делот и расте и нормално и приходот кој е крајна цел на секоја компанија. Во однос на странските инвестиции практично 87 проценти од странските инвестиции всушност одат во оваа индустријата“ изјави Нацева.

Регионалната програма е престижна програма која се спроведува во пет модули и во пет земји Словенија Бугарија, Македонија, Србија, како и во силиконската долина во САД.

„Овој настан го гледаме како можност за проширување на комуникациските врски во регионот, особено на Косово, Бугарија, Србија и Словенија, воспоставување на контакти и размена на искуства. Колегите имаат шанса да добијат детални сознанија за степенот на развиеност, за можностите за отворање на странски компании, зголемување на странските инвестиции“ вели Нацева.

Целта на програмата е да овозможи знаење и размена на искуства на компаниите кои се подготвени да делуваат регионално и глобално, запознавајќи се со најновите трендови  и начини на развој на бизнисот во меѓународната средина, создавање мрежа за соработка помеѓу истите , како и да се продлабочи разбирањето за конкурентниот регионален ИКТ сектор.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik